Изложба „Првите парламентарци и претседатели на Собранието на Македонија“
Музејската изложба „Првите парламентарци и претседатели на Собранието на Македонија“ е авторски проект на проф. д-р. Марјан Димитријевски (Институт за национална исторја), поставен во холот на нашиот централен објект.
– Проектот од архивски и историски аспект ја истражува историјата на нашата државотворност, која започнува од АСНОМ. На паноата (9 на број) се прикажани и досега необјавени материјали, како на пример изјавите и заклетвите на парламентарците и нивните потписи, како и неколку клучни документи од клучните фази во нашето парламентарно живеење – подвлече во поздравното обраќање проф. Димитријевски.
