Промоција на стихозбирката „Небото ми е дома“ од Катица Ќулавкова
Живееме во сурови времиња, кога многу нешта се тешки и токсични и кога Поезијата е еден од ретките медиуми каде што може да се остави убава трага. Среќна сум што сум дел од тој медиум и што имам чест да оставам слово – подвлече на денешната промоција акад. Катица Ќулавкова чија стихозбирка “Небото ми е дома” е добитник на наградата “Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга за 2024 година според Struga Poetry Evenings / Струшки вечери на поезијата.
За наградената “Небото ми е дома”, но и за севкупното поетско творештво на Ќулавкова говореше проф.д-р Марија Ѓорѓиева-Димова, стихови интерпретираше актерката Софиа Насевска Трифуновска, модератор и воведничар беше Александра Јуруковска
