Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“ - Скопје

Уписи во Игралната на Библиотека Другарче

🎒 Најстарата игрална во Скопје – Игралната во Библиотека „Другарче“ повторно ги отвора вратите за безгрижна игра на вашите најмили!
👉Со работа започнуваме на 1 септември. Игралната работи од 12.00-14.30 часот.
👉Уписот е за деца на возраст од 4-6 години, а бројот на места е ограничен.
❓Дали сте знаеле дека ❓
📖Игралната постои од 1981 година 📌
✍Во неа работи библиотекар-педагог 👩‍🏫
👩‍🎓Учителка Сашка како дете растела токму во оваа Игрална 😉
✍Програмата опфаќа:читање и обработка на сликовници, ликовна обработка на книгит развој на креативни и моторни вештини, учество на ликовни и креативни конкурси, почетно пишување и матматика, одбележување на значајни дати, настани и празници 😎
💒Во највеселата Игрална во градот редовно гостуваат најактуелните домашни и странски автори и илустратори за деца кои уживаат во нашите интерактивни работилници ✍🎹🎨🩰
👧Секое дете од Игралната добива бесплатно членство во библиотеката 🪧
🧚‍♂️Што велите за детство меѓу книги?📘📕📖
👯Игра, креација и многу, многу приказни 👨‍🚀
ℹ️ Информации на тел. 02 30 61 551 или во просториите на библиотеката.
📌 Адреса: ул. Никола Русински бр.1, Карпош 3 (Лептокарија)