Работилница за креативно пишување
Годинава имавме две премиери од минатогодишната работилница на „Преку езерото“ во Дојран. Два одлични кратки филмови. Третиот е во завршна фаза на постпродукција. Успехот од овогодинашнатаработилница се надевам дека ќе се случи следната година, вели Александар Русјаков, кој им беше ментор на неколкумина студенти кои ги прават своите први обиди за да напишат сценарио, а и да реализираат филм.Фестивалот во Дојран заврши вчера. Токму во рамките на 4. издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм беа прикажани два краткометражни филма што беа создадени минатата година.
Студентите и дебитантите ги презентираат своите проекти. Потоа сите заедно нуркаме во длабокото, сè дури не ги затвориме сценаријата. По тој процес, тие влегуваат во продукција каде што им е сè обезбедено за да создадат професионално филмско дело. И оваа година имаме исклучително интересни приказни – објаснува Русјаков.
Преку работилницата ние студентите го споделуваме нашето искуство и знаење и со помош на менторот доаѓаме до различни заклучоци кои би можеле да ни помогнат во понатамошното творење. За свој успех на крајот ќе ја сметам добро напишаната приказна. Сметам дека филмските фестивали во Македонија обрнуваат внимание на студентите преку организирање на различни работилници, но сметам дека поддршката на студентите од страна на фестивалите треба уште повеќе да се засили – вели Велковски.
