Categories: blog

Работилница за креативно пишување

Работилница за креативно пишување

Александар Русјаков, нашиот драг пријател и ментор на Работилницата за креативно пишување на ГБСК, повторно со многу љубов и посветеност зборува за она на што ние како библиотека и тим посветуваме огромно внимание – младите.

Годинава имавме две премиери од минатогодишната работилница на „Преку езерото“ во Дојран. Два одлични кратки филмови. Третиот е во завршна фаза на постпродукција. Успехот од овогодинашнатаработилница се надевам дека ќе се случи следната година, вели Александар Русјаков, кој им беше ментор на неколкумина студенти кои ги прават своите први обиди за да напишат сценарио, а и да реализираат филм.Фестивалот во Дојран заврши вчера. Токму во рамките на 4. издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм беа прикажани два краткометражни филма што беа создадени минатата година.

Студентите и дебитантите ги презентираат своите проекти. Потоа сите заедно нуркаме во длабокото, сè дури не ги затвориме сценаријата. По тој процес, тие влегуваат во продукција каде што им е сè обезбедено за да создадат професионално филмско дело. И оваа година имаме исклучително интересни приказни – објаснува Русјаков.

Преку работилницата ние студентите го споделуваме нашето искуство и знаење и со помош на менторот доаѓаме до различни заклучоци кои би можеле да ни помогнат во понатамошното творење. За свој успех на крајот ќе ја сметам добро напишаната приказна. Сметам дека филмските фестивали во Македонија обрнуваат внимание на студентите преку организирање на различни работилници, но сметам дека поддршката на студентите од страна на фестивалите треба уште повеќе да се засили – вели Велковски.

User Student

Share
Published by
User Student

Recent Posts

Работилница инспирирана од книгата „Куќа без огледала“ од Мортен Санден во библиотеката “Јане Сандански”

Работилница инспирирана од книгата „Куќа без огледала“ од Мортен Санден во библиотеката “Јане Сандански” Во…

3 months ago

УПИСИ ЗА КУРСОТ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО БИБЛИОТЕКА „ДРУГАРЧЕ“

УПИСИ ЗА КУРСОТ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО БИБЛИОТЕКА „ДРУГАРЧЕ“ Останати се само уште неколку празни…

3 months ago

#ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори

#ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори Кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори е многу важна барем по две нешта: прво, го сврте вниманието кон…

3 months ago

Уписи во Игралната на Библиотека Другарче

Уписи во Игралната на Библиотека Другарче Најстарата игрална во Скопје - Игралната во Библиотека „Другарче“…

6 months ago

Промоција на стихозбирката „Небото ми е дома“ од Катица Ќулавкова

Промоција на стихозбирката „Небото ми е дома“ од Катица Ќулавкова Живееме во сурови времиња, кога…

7 months ago

Одбележување на Денот на сесловенските просветители во библиотеката во Илинден

Одбележување на Денот на сесловенските просветители во библиотеката во Илинден По повод Денот на сесловенските…

7 months ago