Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“ - Скопје

Одбележување на Денот на сесловенските просветители во библиотеката во Илинден

По повод Денот на сесловенските просветители, библиотеката во Илинден и ООУ „Гоце Делчев“ заеднички организираа настан чија цел е да се истакне значењето на словенската писменост и култура. Настанот вклучуваше креативна работилница, драматизација на литературен текст, како и претставување на лични творби инспирирани од животот и делото на светите Кирил и Методиј. Целата програма помина во свечена и инспиративна атмосфера, при што учениците покажаа исклучителна креативност, труд и ентузијазам