Најстарата игрална во Скопје – Игралната во Библиотека „Другарче“ повторно ги отвора вратите за безгрижна игра на вашите најмили!
Со работа започнуваме на 1 септември. Игралната работи од 12.00-14.30 часот.
Уписот е за деца на возраст од 4-6 години, а бројот на места е ограничен.
Дали сте знаеле дека
Игралната постои од 1981 година
Во неа работи библиотекар-педагог
Учителка Сашка како дете растела токму во оваа Игрална
Програмата опфаќа:читање и обработка на сликовници, ликовна обработка на книгит развој на креативни и моторни вештини, учество на ликовни и креативни конкурси, почетно пишување и матматика, одбележување на значајни дати, настани и празници
Во највеселата Игрална во градот редовно гостуваат најактуелните домашни и странски автори и илустратори за деца кои уживаат во нашите интерактивни работилници
Секое дете од Игралната добива бесплатно членство во библиотеката
Што велите за детство меѓу книги?
Игра, креација и многу, многу приказни
Информации на тел. 02 30 61 551 или во просториите на библиотеката.
Адреса: ул. Никола Русински бр.1, Карпош 3 (Лептокарија)