Јадрото на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” го сочинува репрезентативна збирка на стари и ретки книги, но и значајна колекција на уметнички слики, акварели и цртежи од Северно Македонската современа ликовна уметност, кои се единствени по својата вредност. Преку оваа збирка публиката има ретка можност да се запознае со неколку вредни ремекдела на Северно Македонската Модерна, меѓу кои и дела на тројца од северно македонската доајенска седморка, Димитар Аврамовски Пандилов, Вангел Коџоман и Томо Владимирски.
Богатството на Градската библиотека, прикажано преку колекцијата на уметнички слики, претставува скапоцен дел од сведоштвото за историјата на северно македонската култура, за творечките настојувања и достигнувања на доајените на Северно Македонската Модерна, нивните следбеници и новите генерации ликовни уменици.
Јулија Темелкова
Историчар на уметност
Димитар Пандилов
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Томо Владимирски
